05 Мај, 2024
0.0261

(ВИДЕО) На денешен ден се случил најголемиот геноцид во човештвото

Објавено во: Свет 24 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Се одбележуваат 85 години од еден од најголемите геноциди во историјата. 

На денешен ден, 24 ноември, се навршуваат 85-години од Холодомор (на украински Голодомор), можеби најголемиот геноцид во историјата на човештвото.

Јосиф Висарионович Сталин, зајакнувајќи ја власта во 1928 година, почна брза индустријализација на Советскиот Сојуз со истовремена политика на стопување на многубројните советски народи во една аморфна, пролетерска, урбана и русифицирана маса, пишува Монитор.


Украина и нејзиниот идентитет се покажаа како најголемата пречка, која ни претходните руски цареви не можеа целосно да ја решат низ серија принудни русификации, пред сè со сузбивање на украинскиот и со наметнување на рускиот јазик.

По Октомвриската револуција и граѓанската војна тогашниот прв црвен цар Владимир Илич Ленин сепак зазеде попомирлив тон и одлучи да му даде на секој народ право на доста значајна автономија и развој на сопствена култура во рамките на Советскиот Сојуз.

Укинувањето на широката автономија на Украина, присилната колективизација на производството на храна и прогласувањето на имотите на селаните за државни од страна на Сталин и на Политбирото на комунистите наиде на силен отпор не само кај конзервативната рурална популација, туку и кај украинската интелигенција, па дури и кај поголем дел од раководството на Комунистичката партија на Украинската Советска Социјалистичка Република.

Одговорот беше брз и безмилосен. ГПУ (тогашната тајна служба) и Црвената армија брзо ги „исчистија контрареволуционерите и непријателите на народот“ и почнаа да спроведуваат „доброволна колективизација“ принудувајќи ги селаните да „ги здружат земјата и средствата за производство“ во заеднички огромни државни задруги. Селаните што се спротивставуваа беа прогласени за „кулаци“ и, како такви, беа ликвидирани или испратени во концентрациони логори во Сибир.

Колективизацијата се покажа неефикасна и му донесе катастрофа на украинското земјоделството.

Сталин и „другарите од Политбирото“ поставија дури и повисоки квоти што селаните во државните задруги - колхози, мораа да ѝ ги испорачаат на државата, која со извозот на жито ја финансираше советската индустријализација.

На 7 август 1932 се носи декрет за „заштита на социјалистичкиот имот“, или како што го нарекуваше народот, „закон за пет зрна пченица“, со кој се забранува собирање по жетвата: и секој кај кого ќе се најдат макар и неколку зрна пченица бил стрелан, освен ако не постоеле „олеснителни околности“, со кои смртната казна се менувала во 10 години затвор. Законот важел и за децата. Наскоро следувала забрана за приватна продажба на жито.

Во декември 1932 советските власти воведуваат физичка блокада на селата што не ги исполниле „зададените квоти“, им се одзема сета храна и животни. Се забранува и каква било испорака на храна во тие села, со што тие де факто се осудуваат на бавна и ужасна смрт. Истиот месец се затвораат сите училишта на украински јазик и на териториите надвор од Украина, особено во деловите од Русија каде што етничките Украинци го сочинувале мнозинството.

Во јануари 1933 година Сталин воведува „внатрешни пасоши“, со кои на изгладнетото население му се забранува да ги напушта своите села и да се движи кон градовите или другите советски републики - во потрага по храна. Само оние што имале специјални пасоши можеле да ја напуштат зоната на смртта.

Само во првите шест недели од спроведувањето на регулативата советската армија и полиција уапсиле 220.000 очајници што се обиделе да избегаат од зоната на уништување, која комунистите ја држеле под опсада, додека да умрат сите жители.

Во меѓувреме избиваат епидемии на тифус и маларија, кои исто така однесуваат десетици илјади животи. Властите организираат секојдневно собирање на труповите и нивно фрлање во масовни гробници. Селата и градовите остануваат без сите кучиња, мачки и добиток за прегладнетите да ја преживеат катастрофата.

Населението смислувало секакви начини да преживее мелејќи ја кората од дрвјата и мешајќи ја со разни растенија за да создаде некој вид замена за житото. Забележани се и голем број случаи на канибализам. На украинските селани советските власти во многу случаи дури им забранувале и носење национални носии, бидејќи со тоа се искажувал „контрареволуционерен национализам“.

Во март истата година се донесува интерна наредба за забрана на употребата на зборовите „глад“ и „чума“ и се воведува терминот „тешкотии во снабдувањето со храна“, па овој термин ќе се користи за време на целото постоење на Советскиот Сојуз.

Во јуни 1933 година гладот ја достигнува кулминацијата, кога умираат по 28.000 луѓе дневно. 

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра