fake panerai watches (ВИДЕО) НАЈНОВИОТ МОДЕЛ НА БОИНГ 737 се урна близу Индонезија: Најмалку 23 владини претставници дел од патниците
02 Мај, 2024
0.0281

(ВИДЕО) НАЈНОВИОТ МОДЕЛ НА БОИНГ 737 се урна близу Индонезија: Најмалку 23 владини претставници дел од патниците

Објавено во: Свет 29 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Патнички авион на индонезиската компанија „Лајон ер“ кој тукушто полетал од Џакарта се урнал во море со 189 патници и членови на екипажот, соопштил претставник од министерството за сообраќај на Индонезија.

Индонезиската компанија соопштила дека целосно нов авион, кој околу 6,20 часот по локално време полетал кон Пангкал Пинанг на островот кај Суматра, превезувал 181 патник меѓу коои имало едно дете и две бебиња како и осум членови на екипажот.


Во авионот се наоѓале и најмалку 23 владини претставници кои, како што рекол портпаролот на летот, барале авионот да се врати и пред да е изгубен контакт со леталото.

Тоа е прв пад за моделот на Боинг 737 MAX 8.


-Потврдено е дека се урнал-рекол Јусуф Латиф, портпарол на индонезиската агенција за спасување.

Авионот бил на пат од главниот град Индонезија Џакарта до градот Пангкал Пинанг на Суматра, на лет кој трае нешто повеќе од еден час.

Латиф рекол дека авионот изгубил контакт со контролата на летање околу 13 минути по полетувањето и се урнал во море.

Авионот барал итно слетување речиси веднаш откако полетал, а властите изгубиле контакт по тоа.

Според првите информации авионот паднал во море непосредно покрај брегот на Индонезија.


Авионот е изработен неодамна , и имал околу 800 часа лет, изјавил шефот на индонезискиот национален одбор за безбедност во сообраќајот Сорејанто Тјахјоно.

„Лајон ер“ потврдил дека авионот бил исправен и дека во него имало искусна екипа.

Властите соопштиле дека нема да шпекулираат за причините на трагедијата додека црната кутија не се пронајде и не се добие снимка од контролната служба за контрола на летање, рекол Тјахјоно.

Пронајдени се остатоци од авионот, вклучувајќи и седишта, кои пловеле во близина на објекти кои и припаѓаат на индонезиската државна нафтена компанија, изјавил службеник на компаниите.


Покрената е операција за пребарување и спасување , а спасувачите се испратени да побараат можни преживеани во поплавените остатоци.

Објавено е видео кое покажува бројни пловила кои се приближуваат до локацијата на несреќата. Ниту еден преживеа не е виден на сниимките.

Ова е најлошата авионска несреќа во Индонезија откако авионот „ЕрЕјжиле“ од Сурабија кон Сингапур се урнал во морето во декември 2014 кога загинале сите 162 патници и екипаж кои се наоѓале во авионот.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?