(ВИДЕО) Научници открија нова џиновска риба за која претходно не се знаело
Објавено во: Свет 22 Јули, 2017
Научници откриле нов вид џиновска риба, на која и го дале името „Mola tecta“.
Рибата е откриена после четиригодишна потрага на австралиски студенти, чие претходно истражување покажало можност на постоење на претходно неоткриен вид.
Докторантката Маријен Ниегард која го открила новиот вид додека истражувала во индо-пацифичките води вели дека овој вид не е реток, но живее во делови од океанот до кои луѓе воглавно не одат. Нуркаат до неколку стотици метри длабочина, каде се хранат а потоа се приближуваат до површината каде уживаат во сонцето.
Инаку „Мола мола“ е најтешка коскена риба на светот. На нив никогаш не им израснува грбна перка.
Трудот на Ниегард е објавен во магазинот „Zoological Journal of the Linnean Society“.