(ВИДЕО) НЕ ЗНААТ ШТО Е ОВА: Големо животно се насука на Филипини
Објавено во: Свет 25 Февруари, 2017
Големо и влакнесто животно се насука на брегот Динагат на Филипини.
По земјотресите, на Филипини се насукаа многу работи, а меѓу нив е и ова необично суштество.
Луѓето почнаа да се сликаат со него, а медиумите погодуваат што би можело да биде.
Некои коментираа дека личи на животно кое е најдено во Африка во 1924 година.
Научниците сметаат дека се работи за кит кој е тежок 2000 кг, а долг е 6 метри.
Објаснуваат дека бојата на китот е бела затоа што е во распаѓање, а за него се верува дека пред две недели го удрил брод.