(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНА НЕСРЕЌА ВО ЦРНОТО МОРЕ: Брод се преполовил на половина
Објавено во: Свет 27 Август, 2017
Во Црното море, кај северозападниот брег на Турција, монголски товарен брод се распукал на два дела, покажале денеска телевизиските снимки, а 11 члената бродска екипа е спасена.
Бродот кој превезува терет во цврста состојба „Леонардо“ , долг 114 метри, почнал да пука и се преполовил кај брегот Килиос, во истанбулскиот регион.
Половината од бродот е одвлечена до брегот, додека остатокот од половината постепено тоне во морето.
Турските медиуми пренесоа дека бродот, изграден во 1975 пловел кон истанбулското бродоградилиште Тузла, каде требало да биде реконструиран.