14 Мај, 2024
0.0325

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Пронајден легендарен египетски лавиринт со 3000 одаи!

Објавено во: Стил 31 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Група истражувачи во 2008 година добила задача да истражи изгубен египетски лавиринт кој се наоѓа на околу 90 км јужно од Каиро, а кој е опишан во многу класични дела, вклучувајќи и дела на Херодот и Страба. Според описот, легендарнот храм има 3000 простории кои се исполнети со слики и хиероглифи. Со цел да ја разреши мистеријата на оваа градба, белгиско-египетската експедиција користела најнапредна технолоија за испитување на длабоки слоеви тло и испитување на песок од областа Хавара. Havara-egipat-lavirint-640x380 Експедицијата Матаха (Матаха-лавиринт на арапски) потврдила дека под површината на земјата се крие храм, јужно од пирамидите на фараонот Аменехмат III. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/a9B80bQ6TmI[/embed] Лавиринтот е изграден на две нивоа, опфаќа две палати, и како што веќе е споменато, не помалку од 3000 посебни одаи. Уште во 1888 година, археологот Флиндерс Петри открил камена плоча во подножјето на пирамидата Аменехмат III, со ширина од 304 м и должина 224 м, покриена со слој песок од 5м. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/EqmpT6T_2tU[/embed] Тој прв ја изнел претпоставката дека оваа плоча е основа на изгубениот лавиринт. Неговата претпоставка во 2008 година е потврдена со трудот на белгиско-египетскиот тим.