(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И СРБИЈА: Имаше силен ветер, паѓаше град и снег
Објавено во: Балкан 16 Април, 2024
Невреме денеска имаше и во Словенија. Регистрирани се силни налети на ветер, град и снег.
„Во појасот од Горењска до Корушка се очекуваат врнежи од 30 до 60 милиметри. На повисоките места над околу 800 метри може да наврнат околу 20 сантиметри снег“, соопшти Агенцијата за животна средина на Словенија.
Силно невреме од Хрватска попладнето околу 15 часот пристигна во Србија, објави српски Мондо.
Засега врне поретко, а невремето е проследено со грмежи кои се прошируваат и во останатите делови од Србија и постепено се засилуваат.
Како што може да се види на страницата на Инстаграм „Хаилз Србија“, бурниот ветар крева прашина и ретко што може да се види на патот. Видливоста е намалена на речиси 0 метри во многу делови на Војводина.