(ВИДЕО) НОВИ СНИМКИ ОД УРИВАЊЕТО НА МОСТОТ ВО ЏЕНОВА: Безбедносните камери го фатија моментот во кој исчезна се!
Објавено во: Свет 21 Август, 2018
Снимките кои ги забележале безбедносните камери на 14 август на мостот во Џенова навистина ја замрзнуваат крвта во вени и го прикажуваат моментот во пресрет на смртоносното уривање на надвозникот Понте Моранди.
На видеото се гледа моментот на трагедијата од два различни агла. Најпрво дождот кој паѓал го заменил облак со густа прашина од кој ништо не се гледа, а потоа се исчезнува!
На местото на урнатините, само неколку секунди пред тоните бетон да се урнат на тлото, е снимен пешак кој не претпоставувајќи ништо ја преминувал улицата.
Во оваа незапамтена трагедија настрадаа засега 43 луѓе, но се стравува дека тоа не е конечен број.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте прогласил вонредна ситуација во траење од 12 месеци во регионот на Џенова, и определил 5 милиони евра помош од владините фондови.
Потсетуваме дека во моментот во пресрет на уривање на мостот камерите забележале и морбиден удар на гром точно во него.