(ВИДЕО) НОВОГОДИШЕН ПРЕДИЗВИК: Кој ќе го притисне прекинувачот?
Објавено во: Стил 08 Декември, 2015
Група на волонтери имале интересна и креативна идеја за да направат новогодишен предизвик во еден парк во Њујорк.
Чарли Тод и неговата екипа Improv Everywhere на необичен начин ги изненадиле случајните минувачи.
Тие се собрале во една црква во Вест Вилиџ, Њујорк однапред да се подготват - целите се обвиткале со светилки кои безжично се вклучуваат од единствен прекинувач.
Големиот прекинувач бил поставен на средина во паркот, без инструкции дали треба да се допре или не.
Погледнете што се случува кога некој љубопитен минувач ке го притисне прекинувачот.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=LyAy-apGVk8[/embed]