(ВИДЕО) НУДАТ БЕСПЛАТНИ КУЌИ: Оние семејства кои ќе добијат деца имаат право на бонус
Објавено во: Свет 04 Ноември, 2019
Камарата e град на Сицилија кој бара нови жители.
Властите од идните станари не бараат ниту едно евро колку што е потребно за дом во споменатите места. Во Камарата куќите се целосно бесплатни.
Новите жители ќе мора да исполнат неколку услови - ќе мора да потпишат дека ќе го реновираат домот во рок од три години откако ќе го купат како и дека ќе уплатат депозит од 5.000 евра кој ќе им биде вратен кога работата ќе биде завршена.
Предност имаат млади парови со деца, додека пак оние кои ќе добијат деца таму ќе добијат и бонус од 1.000 евра.
Според неговите зборови, во градот има околу сто слободни куќи, а наскоро ќе има уште повеќе. Моментално идните нови жители на располагање имаат околу десеттина домови.