(ВИДЕО) ОРКАНСКИ ВЕТРОВИ ПУСТОШЕА: Загина човек во невремето
Објавено во: Свет 11 Март, 2019
Eден човек загина во невреме во Германија.
Во земјата имаше невреме со многу снег и ветрови.
Возач на возраст од 47 години починал откако на неговиот автомобил паднало дрво.
Авионскиот сообраќај е запрен поради невремето.
Олујата Еберхарт предизвикала многу проблеми, посебно на западот на земјата, каде дувале оркански ветрови.
Снимката од аеродромот во Дизелдорф покажува какви биле временските услови.
За три часа, снимени се дури 30 авиони кои се откажале од слетување.