fake panerai watches (ВИДЕО) ОВА ШВАЈЦАРСКО СЕЛО ИМА ПРИМАМЛИВА ПОНУДА: Нудат 60 000 евра да се доселите таму
02 Мај, 2024
0.0252

(ВИДЕО) ОВА ШВАЈЦАРСКО СЕЛО ИМА ПРИМАМЛИВА ПОНУДА: Нудат 60 000 евра да се доселите таму

Објавено во: Свет 21 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Жителите на швајцарското село Албинен, во кантонот Вале, за десет дена ќе се одлучат за новата политика со која на странците подготвени да дојдат во селото да живеат барем десет години ќе им понудат пари. Се работи за износ од околу 60 000 евра.


Малото село во кое моментално живеат 240 жители, е едно од многуте во Швајцарија кои во последните години доживуваат големо иселување на жителите.

Иако во селото има голем број на викендици, мештаните посебно, младите семејства, се одлучуваат на заминување од селото. Само во последната година селото го напуштиле три семејства со вкупно осум деца, па локалната власт е присилена да ја затвори селската школа.


Жителите бараат од локалните власти да направат нешто како во селото би се вратил животот и како би се осигурала иднината и опстанокот на селото.

Планот на локалниот суд со семејства или поединци, странци, кои се одлучат на купување или изградба на куќа во Албинен, под одредени услови е да им дадат по 25 000 франци за секое возрасно лице во семејството и дополнителни 10 000 франци по дете.

Четиричлено семејство, според тој предлог, би добило бонус во вредност од 70 000 швајцарски франци (околу 60 000 евра). Сепак, во сето тоа постојат услови кои треба да се задоволат.


Возрасните лица мора да бидат помлади од 45 години и да се согласат на живот во село во траење од најмалку десет години. Во купување или изградба на куќа треба да вложите најмалку 200 000 франци и недвижнината мора да биде постојан дом, а не викендица.

Парите од локалните власти се добиваат неповратно, освен во случај ако некој одлучи да го напушти селото пред истек на рокот од десет години. Локалните власти се уверени дека овие мерки се пристапни за сите.

Албинен е село кое се наоѓа на 1 300 метри надморска височина, со поглед во долината Рона. Селото се гордее со чистиот планински воздух и со многу сончеви денови годишно. На само 6 км се наоѓа термалното одморалиште Леукербад.

Во селото нема премногу можности за вработување, но првите големи градови се оддалечени само половина час возење.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?