(ВИДЕО) ПАЃА УШТЕ ЕДНО ЛЕГЛО НА ЏИХАДИСТИТЕ: Сириската војска стигна до Ал Баба, нападот тргнува наскоро!
Објавено во: Свет 29 Јануари, 2017
Сириските сили се наоѓаат на неколку километри од Ал Баба, засолништето на Исламска држава во сириската провинција Алепо, соопшти денес сириската опозициона Опсерваторија за човекови права.
Војската на претседателот на Сирија Башар ал Асад ја преземала контролата над три села во таа зона и сега се наоѓа на седум километри југозападно од Ал Баба, наведува Опсерваторијата.
Турските сили, кои ја покренале операцијата на северот од Сирија кон крајот на август, сега се наоѓаат околу тој град.
Анкара на 24 август испрати војска и тенкови на северот на Сирија за да ја потисне Исламска држава од пограничното подрачје меѓу Сирија и Турција, како и да го запре напредувањето на милитантните сириски Курди.
Русија и Турција преговараа за прекин на огнот во Сирија кој стапи на сила на 30 декември и од тогаш ја зголемија соработката против џихадистите во Сирија.
Тие две земји ги изведоа првите заеднички воздушни напади на Ал Баба на 18 јануари.