(ВИДЕО) ПАНИКА ВО ПАРИЗ: Еве зошто е евакуирана една од најфреквентните железнички станици
Објавено во: Свет 09 Мај, 2017
Француската полиција денеска почна постепено повторно да ја отвора железничката станица Гар ду Норд, откако таа претходно беше евакуирана од безбедносни причини.
Очевидец тврди дека пред станицата имало 20 до 30 полициски комбиња и дека припадниците на безбедносните сили носеле фантомки и оружје.
„Крај на сигурносните проверки. Постепено враќање во нормала“ - објави париската полиција на Твитер.
Според француски изданија, полицијата трагала по три опасни лица. Подоцна во текот на ноќта беше соопштено дека операцијата е завршена. Властите не соопштија повеќе детали за операцијата.
Гар ду Нор е една од најфреквентните железнички станици во Европа.