(ВИДЕО) Пензионерот Таљат Селими повторно дели совети
Објавено во: Балкан 26 Јануари, 2019
Таљат Селмани, познат како Тони, 82-годишниот пензионер кој стана вирален хит со неговата изјава, виталност и енергија, сега има нова улога.
Toj стана популарен во Хрватска по неговите совети за живот во видео снимката која достигна 500.000 прегледи.
По националност е Албанец, роден е во Вруток, Македонија, а денес живее во Загреб, Хрватска.
Во младоста се занимавал со манекенство, а по видеото со кое се прослави, изгледа повторно ја добива истата улога и на 82 години, па има и нова фотосесија.
„Порано бев манекен, рекламирав облека, гел за коса, па дури и шампон за коса, а некогаш и храна за мачки и кучиња“, вели тој.
Повторно е во центар на вниманието со неговиот изглед и енергичност.
„Морате да вежбате, ако забележите дека ве напаѓа дебелината, веднаш почнете да вежбате. Можете да јадете што ви се јаде, слатко, солено, луто, но потоа веднаш одете на пешачење“, советува тој.
Покрај советите за здрав живот и виталност, Тони сподели и неколку совети кои го одржале до „златни години“:
„Никогаш немојте да се венчате, кога ќе влезете во брак, веќе сте полумртви. А, уште кога ќе дојдат децата, тогаш веќе немате живот“ – се пошегува тој и додава дека денес мажите се премногу нежни, па затоа има голем број разведени луѓе.
Секој ден вежбал околу три часа, поминувал доста време во природа, но исто така и медитирал. Јадел се што ќе посака, но умерено. Во последните неколку години не јадел месо, никогаш не пушел цигари, а секое утро пиел по една мала чаша ракија.