(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ДЕНЕС СЕ ТРЕСЕШЕ ИТАЛИЈА: 17 земјотреси за два часа во околината на Рим!
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2017
Седумнаесет силни земјитреси ја погодија денеска централна Италија.
Во период од 10.25 до 12.07 часот имало дури 17 потреси, од кои три биле со јачина од 5,3 до 5,7 по Рихтер, додека преостанатите биле со магнитуда од 3,1 до 4,8.
Затворени се сите училишта кои се наоѓаат најблизу до епицентарот , како и училишта во Рим. Во Рим е евакуирано и метрото.
La scossa in diretta tv negli studi di Rainews24 https://t.co/85DxharKru
— Repubblica Roma (@rep_roma) January 18, 2017
Сведоците на страницата ЕМСЦ, при првиот потрес напишале дека од потресот паѓале работи од плакарите и се лулале лустерите.
Наведуваат дека потресот траел најмалку 15 секунди.
Граѓаните по пат на социјални мрежи јавуваат како немаат струја, а владее голема студ. Од цивилната заштита велат дека ги упатиле екипите на терен.