26 Април, 2024
0.0266

(ВИДЕО) ПОРАДИ НЕГО СИТЕ НОСАТ ЖОЛТИ ЕЛЕЦИ: Кој е човекот што ја покрена револуцијата против Макрон?

Објавено во: Свет 09 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Жолтите елеци станаа симбол на протести кои веќе со  недели ја тресат Франција.

На тоа се сетил Гислан Кутар , кој е изненаден од одзивот, но и запрепастен од насилството и реакцијата од полицијата вра демострациите.

Кутар е еден од ретките луѓе кои се поврзуваат со таканаречените Жолти елеци, движење кое од ноември протестира поради новите даноци на горивата. Бидејќи токму тој, автомеханичар од Нарбоне, во едно видео предложил сите демонстранти да навлечат жолти елеци.

FOTO: REUTERS

-Тоа беше прилично едноставно. Снимив сам мое видео и го видов предупредувачкото елече кое го користам на мојата работа. Си помислив, тоа е создадено сите да го видат, тоа сите го имаме во нашите возила бидејќи тоа го пропишува законот. Зошто да не го користиме, како наша боја на препознавање? Да видиме дали луѓето ќе имаат волја да излезат на улица и да протестираат. И погодок. Токму тоа се случи“- рекол Кутар.

Кутар рекол дека и самиот бил шокиран поради насилството во Париз од минатиот викенд, но дека го разлутило и што медиумите прикажале како Жолтите елеци ги напаѓаат силите на редот.

-Она што таму се виде е дека на полицијата едвај и треба некаков повод да посегне по својот солзавец. Тоа не е во ред. Според мене, тактиката на полицијата била целосен пораз“ - рекол тој.

На прашањето што треба да се случи за Жолтите елеци да бидат задоволни, тој одговорил дека претседателот треба да излезе од својата дупка и да се соочи со граѓаните на Франција.

-Не само соопштенија за јавноста, туку во реалноста, на улица. А тоа никогаш нема да се случи. Не мислам дека ќе сака. Тој е премногу отуѓен. Толку е горд да не отстапува ни чекор. Проблемот е што е тврдоглав, но и ние сме тврдоглави. Во еден момент некој ќе мора да отстапи и ние сметаме дека тоа ќе биде тој- рекол Кутар.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек