(ВИДЕО) Поради земјотресот Драшко Станивуковиќ во Бања Лука ја прекина прес - конференцијата
Објавено во: Балкан 29 Декември, 2020
Се стресе Хрватска, но земјотресот е почувствуван и во БиХ и Словенија.
Силниот земјотрес кој денеска ја погоди Хрватска, го затресе цел регион, при што поради потресот е прекинат пресот на градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ. Земјотресот со епицентар во Петриње, како последица на кој почина едно девојче, е почувствуван и во Загреб, каде некои згради се повторно оштетени, а бројни висококатници се евакуирани.
Светските медиуми известуваат за разорниот земјотрес што ја погоди Хрватска.
Ројтерс известува дека земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди хрватскиот град Петриња, на околу 50 километри од Загреб, и додаде дека службите за итни случаи соопштија дека многу луѓе се повредени и дека од полето пристигнуваат видеа од спасени од урнатините во близина на епицентарот. Асошиејтед прес исто така известува за силен земјотрес што ја погоди централна Хрватска и предизвика големи штети на домовите и другите згради во Петриња.