(ВИДЕО) Пожар зафати нафтени резерви
Објавено во: Свет 05 Јуни, 2019
Пожар денеска изби во објект за складирање на нафтени продукти во пристаништето Шахид Раџа на иранскиот брег на Персискиот залив, соопшти иранската известувачка агенција Ирна.
Пожарникари се наоѓаат на местото и се обидуваат да го контролираат пожарот, кој бил проследен со експлозии, пренесува агенцијата, не изнесувајќи повеќе детали за моменталната ситуација.
Пожарот најпрво избувнал на машина која се користи за кревање на контејнери во пристаништето, а потоа се проширил на делови од пристаништето кои се користат за скалдирање на нафтени производи.