26 Април, 2024
0.0287

(ВИДЕО) ПРАВЕЛ ПОЈАДОК НА БОЦА ВО ВОЗ: Предизвика пожар во кој загинаа над 70 луѓе

Објавено во: Свет 31 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Во пожар во воз во Пакистан, загинаа најмалку 71 човек, меѓу кои има и деца, а 43 патници се повредени. Пожарот избувнал во возот додека патувал низ провинцијата Пенџаб, на истокот од земјата. Возот се движел од Карачи, а крајната станица требало да биде Рауалпинди.

Од повредените 11 луѓе се во критична состојба. Пожарот настанал по експлозија на плинска боца, која еден од патниците ја користел за подготовка на појадок, што е прекршок за безбедноста на возот. Во пожарот уништени се три вагони.

Пакистанскиот премиер Имран Кан вели дека жали за несреќата и дека се моли за што побрзо заздравување на повредените.

„Наредив итна истрага за случајот“, изјави Кан.

Се очекува дека бројот на жртвите ќе расне. Министерот за железници Шеик Рашед Ахмед изјави дека многу од жртвите загинале при скок од возот. 

Пакистанската железничка мрежа од колонијалниот период последните децении пропаѓа поради недоволно инвестирање и лошото одржување. Во јули најмалку 23 луѓе загинаа во несреќа, а во втора несреќа во септември четири лица. Околу 130 луѓе загинаа во 2005 година, кога воз налета на друга композиција во провинцијата Синд.


Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари