02 Мај, 2024
0.0264

(Видео) Прв Оскар за Леонардо ди Каприо, еве на кого го посвети

Објавено во: Свет, Стил 29 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

По шест номинации во категоријата за најдобар актер, Леонардо ди Каприо конечно доби Оскар за најдобра машка улога во филмот „ Revenant “.

Примајќи ја наградата, холивудскиот актер му се заблагодари на сите кои соработувале со него, потенцирајќи дека овој филм му бил најголемиот предизвик во животот.

„Revenant беше призвод на неуморните напори на една неверојатна екипа со која имав чест да работам. Сакам да се заблагодарам на сите што уште од почетокот на мојата кариера се покрај мене, на колегите и на моето семејство, без кое ова денеска би било невозможно. “ – рече Лео на неговиот говор на доделувањето на Оскарите.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=mnRDYUhwyEw[/embed]

Режисерот на овој филм Алехандро Инариту ја доби наградата за најдобар режисер.

Наградата за најдобра женска улога ѝ припадна на Бри Ларсон за улогата на Џој во „Соба“.

Филмот „Спотлајт“ беше прогласен за најдобар филм на синоќешното 88. доделување на наградите на Американската филмска академија.

За најдобра споредна машка ролја награден беше Марк Рајленс за улогата во трилерот на Стивен Спилберг „Мост на шпиони“, а со најдобра споредна женска улога се закити Алисија Викандер за своето остварување во „Данкинка“.

„Лудиот Макс“ доби дури шест статуетки „Оскар“, за најдобра костумографија, најдобра сценографија, најдобра маска, најдобра монтажа, најдобра монтажа на звук и за најдобар микс на звук.

Филмот „Ексмашина“ доби „Оскар“ за најдобри визуелни ефекти, „Во мојата глава“ за најдобар долгометражен анимиран филм, а „Приказна за мечката“ за најдобар краток анимиран филм. „Ејми“ е најдобар документарен филм, „Девојката на реката: Цената на збогувањето“ е најдобар краток документарен филм, а „Синот на Саул“ ја доби наградата за најдобар филм од странско говорно подрачје.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа