(ВИДЕО) Путин во Белград им се обрати на граѓаните на српски јазик
Објавено во: Свет 17 Јануари, 2019
Рускиот претседател Владимир Путин на српски јазик им се обрати на насобраните граѓани во Белград. Српскиот претседател, Александар Вучиќ му приреди свечен ручек на гостинот, претседателот на Русија, Владимир Путин, на кој присуствуваа повеќе од 100 функционери. Русија е подготвена да вложи околу 1,4 милијарди долари во развој на инфраструктурата во Србија со цел низ таа земја да се спроведе огранок на „Турски тек“.