(ВИДЕО) Романија се побуни на најмасовни протести за 28 години
Објавено во: Балкан 06 Февруари, 2017
Иако владата ги повлече скандалозните измени, сега демонстрантите сакаат нејзина оставка.
Околу половина милион луѓе излегоа повторно на протест во Романија, иако владата го повлекува контроверзниот декрет што ги олеснуваше казните за корупција.
Само во Букурешт се собраа околу 250 000 луѓе. Демонстрантите, кои излегуваат секој ден од 22 јануари наваму, веќе инсистираат за оставката на владата.
Значи ова е најмасовниот протест не само од почетокот на демонстрациите против скандалозниот корупциски закон, туку и по падот на комунистичкиот режим на Николае Чаушеску во 1989 година.
Романци кои живеат во Софија, како и Бугари, се собираа на мирни демонстрации пред Романската амбасада во бугарската престолнина во знак на солидарност со граѓанските протести во Романија.