(ВИДЕО) СЕ ПРОДАДЕ: Ова е вилата каде живеела Елизабета пред да биде кралица
Објавено во: Свет 23 Октомври, 2019
Малтeшката Влада ја купи вилата во која живеела принцезата Елизабета пред да стане британска кралица.
Вилата е во предградието на Валета и е единственото место надвор од Велика Британија што кралицата го нарекла дом. Таа живеела таму од 1949 до 1951 година, кога нејзиниот сопруг, принцот Филип, бил сместен во Малта во Кралската морнарица.