18 Мај, 2024
0.0303

ВИДЕО: Сеча на Водно пред Нова Година

Објавено во: Македонија 31 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Инвеститорот Маркеза започнал да ги сече дрвата на спорното подрачје на Водно, алармираат екоактивистите на социјалните мрежи со објавени фотографии. Двајца дрвосечачи со рачна пила сечат стебло, додека трето лице се движи во оградениот простор. 

Две локации на кои се бара вонреден надзор од градежниот инспекторат се за новопроектирани улици кои ќе овозможат пристап до парцели за градење кои сериозно ќе навлезат во шумата на Водно. Дел од овие парцели се и оние од случајот „Плацеви на Водно“.

Пред неколку дена „Маркеза“ почна да го оградува просторот среде шума за да гради куќа откако добила дозвола за градба од минатото раководство на Општината.

Советничката група „Шанса за Центар“ побара, а Општина Центар на вчерашната седница одлучи да го врбува Државниот инспектрат за урбанизам и градежништво да изврши вонреден инспекциски надзор на Деталниот урбанистички план Ј07 за Водно и Капиштец. 

„Утрово на 31 декември, на часови пред Нова Година, инвеститорите не мируваат. Утрово работници почнуваат да ги сечат дрвјата на првата парцела на Водно за која е издадена градежна дозвола“, алармираат од организацијата „Шанса за Центар“ која има советнички места во општината.

Барањето на „Шанса за Центар“ ги застапува жителите на улиците Питу Гули, Козара и Салвадор Аљенде на Водно.

За соседите целото подрачје е спорно, а денеска е повикан и Државниот инспекторат за животна средина да направи увид во тоа што се сече и дали за тоа има дозвола.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8