(ВИДЕО) Сите го коментираат начинот на кој Пендаровски му се обрати на Борисов
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2019
На социјалните мрежи се споделува видео на кое бугарскиот премиер Бојко Борисов на маргините на самитот во Сараево го покани македонскиот претседател Стево Пендаровски да остане во друштво со него и со српската премиерка, Ана Брнабиќ.
При поздравувањето со Борисов, Пендаровски изговори фраза која предизвика бура на шеги по социјалните мрежи. Пендаровски му пренеси топли поздрави од македонскиот премиер Заев, со зборовите „поздрав од Зоки“!