(ВИДЕО) Скијач едвај се спаси откако го бркаше мечка во познато скијалиште
Објавено во: Свет 26 Јануари, 2021
Мечка бркаше скијач на патека во Романија.
Ова се случи во познатото романско скијалиште Предеал. Мечката почнала да брка еден скијач. Додека тој се обидувал да се спаси, луѓето кои биле на жичницата паничко врескале со намера да го привлечат вниманието на животното. Скијачот по кого тргнала мечката успеал да се спаси благодарение на ранецот што го имал на себе. Во еден момент го фрлил ранецот и така ја запрел мечката.