(ВИДЕО) СМРТОНОСНА БУРА БЕСНЕЕ ВО ЕВРОПА: Двајца загинати, илјадници без струја
Објавено во: Свет 20 Септември, 2018
Најмалку две лица загинале, а над илјада домаќинства останале без струја во налетот на бурата Али која погодила делови на Британија.
Една жена загинала кога нејзиниот автомобил бил погоден од карпа во Ирска, додека во Северна Ирска загинал маж врз кој паднало стебло.
Како што јави БиБиСи , неколку лица се повредени.
Жолт метеоаларм е објавен за поединечни делови на Англија и Велс каде денес се очекуваат силни ветрови.