(ВИДЕО) Со што ги испрска Митко Јанчев Кавадарчани за да ги спаси од загадувањето?
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2018
Аерозагадувањето во повеќе градови е во загрижувачка состојба.
Се преземаат некакви мерки но тие не даваат кој знае каков ефект барем досега. Токму загадениот воздух го натера градоначалникот на општина Кавадарци да ги спаси барем за миг сограѓаните од загадениот воздух.
Митко Јанчев на Фејсбук профилот синоќа објави дека градот е третиран со аеросолизација. Оваа метода за прв пат е применета во таа Општина, а се применуваше неколку пати и во Куманово .
Прскањето со аеросоли се врши во вечерните часови, а со оваа метода се врши зафаќање на ПМ10 честичките кои се таложат на улиците.