(ВИДЕО) Стапмедо мигранти на шпанската граница
Објавено во: Свет 01 Јануари, 2017
Околу 1.100 мигранти од афиканските држави сакаа да ја прескокнат оградата и да влезат во Шпанија, но се вратени назад, потврдија од шпанската Влада.
Десетици мигранти се искачиле на бодликавата ограда висока 6 метри, но со дигалка се спуштени, објави локална шпанска телевизија.
Само две лица се пуштени во Сеута за да одат во болница.
Другите се вратени во Мароко, наведуваат од Владата.
Повредени се 5 шпански и 50 полицајци од Мароко, затоа што мигрантите фрлаа камења и шипки.
Сеута и Мелила се точки каде често се случуваат вакви немили настани.
Од декември 400 мигранти успеале да ја поминат оградата и да влезат во Шпанија.