05 Мај, 2024
0.0259

(ВИДЕО) Столе Попов на „Браќа Манаки“: Време е да исчезнат било какви комбинации околу некои бришења

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Режисерот и сценаристот Столе Попов како добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на 41-то издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во своето обраќање кога го прими признанието рече дека за македонскиот јазик не смее да се разговара, а камо ли да се преговара.

- Нема ништо посвето од јазикот, културата и духовноста на човекот во средината во која живее. Една порака до политичарите - да не забораваат на фундаменталните вредности на светската цивилизација, кои се почесто се занемаруваат и се губат. Треба да имаат на ум дека со сила убавина нема, рече режисерот.

Додаде дека му е драго што наградата од Друштвото на филмските уметници на Македонија, како што вели, го задржала генеричкото име и уште еднаш порача дека за македонскиот јазик воопшто не смее да се разговара.

- Мислам дека е време да исчезнат било какви комбинации околу некои бришења, негации, кои водат до тоа да исчезнат придавките кои никогаш не биле предмет на разговор, а камо ли на прифаќање, додаде Попов.

Тој ги режираше култните македонски играни филмови „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“, „Тетовирање“, потоа „Џипси меџик“, „До балчак“ и неколку документарци.


Можеби ќе ве интересира

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско