05 Мај, 2024
0.0264

(ВИДЕО) ТАЈНИОТ ЖИВОТ НА ФИДЕЛ КАСТРО: Скриените жени, љубовници и деца на кубанскиот лидер!

Објавено во: Свет 26 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Додека неговиот народ живееше често на работ на бедата, Фидел Кастро живееше прилично удобно и во изобилие, меѓутоа неговите осум деца, бројни љубовници, па дури и сопруга ги држеше во тајност.

Прво се оженил со Мирта Диаз-Баларт, припадничка на високата средна класа, а учителката Далиа Сото дел Вале му била втора сопруга. Првата сопруга ја изневерувал со преубавата Наталија Ревулета, а Далија со својата секретарка Целиа Санчез, која 30 години била негова блиска соработничка.


Но не биле само тие неговите единствени љубовници: Хуана Вера, односно Хуаните, била негов преведувач за англиски и високо рангирана во тајната служба, Глејдс била стјуардеса која со него патувала во странство, Пилар, односно Пили била негов преведувач за француски. Тие секако биле само неколку од диктаторовите љубовници.


Кубанците за тоа практично немале поима. Јавноста со децении знаела само мал дел за приватниот живот на својот претседател. Најстарото дете на Кастор (барем она кое го признал) е Фиделито, Фидел јуниор. Фиделито е единственото дете кое Мирта го родила. Набрзо после медениот месец кој со Кастро го поминала во Њујорк, Мирта повеќе не била интересна, па се развеле со Фидел во 1955 година, а Кастро добил старателство над синот.


Со лажно име, Хосе Раул, Фиделито студирал нуклеарна физика во Русија. Се оженил со Русинка, а по многу работи е ист како татко си: ја сака моќта, а на улиците на Хавана секогаш се движел обиколен со мноштво телохранители.

За разлика од осносите со Мирта, кои бил студени и без емоции, врската на Кастро со Наталија Ревулета била полна со страсти.

За Наталија се говорело дека била најубавата жена која некогаш одела по улиците на Хавана. Била омажена за лекарот Орландо Фернандез, а долго била симпатизер на идеите на Кастро. Почнала да се дружи и со нив, а потоа му станала и љубовница. Година дена подоцна, откако Кастро се развел од Мирта, Наталија ја родила ќерката Алина, која е единствената Кастрова ќерка.

Кастро во 1993 година дознал дека Алина планира да ја напушти Куба, и им наредил на своите шпиуни да ја спречат во тоа. Меѓутоа, на Божиќ истата година Кастро дознал дека Алина побегнала од домот, маскирана со перика и со лажен шпански пасош. И помогнале соработници од странство. Кастро полудел, ги повикал своите шпиуни и им порачал дека се неспособни будали.


Алина никогаш повеќе не се вратила во Куба, а 15 години подоцна, во Мајами ја сретнал еден од поранешните телохранители на Кастро. Алина живеела скромно во Мајами и никогаш не користела од врските кои ги имал нејзиниот татко.

После Мирта и Наталија, дошла Далиа Сото дел Вале, најважната, но и најмалку позната од сите жени на Кастро. Се запознале во 1961 година за време на јавен собир во Вила Клара. Кастро ја забележал додека стоела во првиот ред слушајќи го неговиот говор.

Се сретнале уште три пати после тоа, а потоа Кастро и предложил да се пресели во Хавана, каде дискретно ја сместил во една куќа на предградието на Хавана.

Далиа му родила пет синови и на сите името им почнува на буквата А: Алексис, Алекс, Алехандро, Антонио, Ангелито. Сите петорица и денес живеат на семејниот имот во хаванскиот квартал Сибонеј во услови кои се драстично поинакви од оние револуционерните во кои се заколнувал нивниот татко. Вилите и околината во кои живеат изгледаат како рајски градини-опкружени со палми, овошки, портокали, лимони, мандарини, банани...

За Далиа долго не се знаело, но нивната врска доживеала крах кога Кастро во 1984 година дознал дека Далиа го изневерува со еден член на неговата партија, кој повремено служел и како возач.

Кастро секако побеснел и сите мислеле дека тоа е крај на љубовта меѓу Далиа и Кастро, но се случило нешто сосема друго. После месец дена го продолжиле заедничкиот живот како ништо и да не се случило, а љубовникот исчезнал преку ноќ. Никогаш никој за него ниту слушнал ниту повеќе го видел. Никој не прашал каде е и што му се случило.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз