(ВИДЕО) ТАТКОТО НА ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Не верувам дека е способен за такво злосторство, но ако го направил, ќе одговара
Објавено во: Балкан 04 Април, 2024
Душан Јанковиќ, таткото на Срѓан Јанковиќ, еден од уапсените за убиството на Данка Илиќ (2) во Бањско поле кај Бор, за „Блиц“ вели дека не верува дека неговиот син е способен за такво злосторство, но ако го направил тоа, ќе одговара.
Како што вели таткото, Срѓан претходните денови се однесувал нормално.
„Беше добар претходните денови. Добро се однесуваше. Тоа не укажуваше на ништо. Обработувавме две бавчи, го врати тракторот, засади зелена салата… Понекогаш пие“, вели Душан Јанковиќ.
Како што вели, Срѓан не го познава семејството на убиената Данка Илиќ. Надлежните го бараат телото на детето. Уапсените признале дека го згазиле детето, а потоа телото го фрлиле.