(ВИДЕО) Терор во Дијарбекир: Убиен јавно турски адвокат, жесток противник на Ердоган
Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2015
Тахир Елчи-претседател на Комората на адвокатите во Дијарбекир, беше застрелан од двајца непознати напаѓачи пред очите на новинарите, дојдени за прес-конференција по судските теми, информира весникот „Дејли Сабах“.
Покрај Тахир, повредени сѐ уште еден човек и тројца новинари.
Но адвокатот починал од повредите малку подоцна во болницата во која е однесен. Сѐуште не е познат идентитетот на напаѓачите.
Но турските медиуми не ја исклучуваат можноста напаѓачите да се членови на Работничката партија на Курдистан- „Движење патриотска револуционерна младина“ . Адвокатот беше уапсен на 20 октомври оваа година токму поради неговите изјави јавно за својата поддршка на РПК.
Тогаш тој изјавил дека фракцијата не е терористичка, туку демократска организација. Тие зборови предизвикаа бран на незадоволство и протести во Турција, беше побарана и оставката на адвокатот.
Елчи е познат во Турција и како еден од најжестоките противници на претседателот Ердоган.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/mkAc8N5MjtU[/embed]