02 Мај, 2024
0.0263

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИТЕ УНИШТИЈА ЏАМИЈА ОД КАДЕ ПРОГЛАСИЈА КАЛИФАТ: Дали е ова крај за „Исламска држава“?

Објавено во: Свет 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Екстремистите од организацијата „Исламската држава“ кренаа во воздух дел од џамијата Ал Нури во стариот дел на Мосул и нејзиното познато наведнато минаре. 

Ирачките лидери, сметаат дека ова претставува официјално прогласување пораз од страна на милитантите.

Џамијата, изградена во 1172 година и нејзиното таканаречено „грбаво“ минаре беа избрани како место каде што лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади во јули 2014 година се прогласи за калиф, на, како што се надеваше, милитантна империја во Ирак и Сирија.

„Неговото црно знаме се вееше на познатото минаре скоро три години и неговото уништување претставува признавање дека „Исламската држава“ е пред пораз“- изјави ирачкиот премиер Хајдар ал Абади.


Пред експлозијата ирачките сили го опколија главното упориште на ИД во стариот дел на Мосул кој е последното место што милитантите го имаат под контрола во овој град.

Американскиот генерал мајор Џозеф Мартин, вклучен во борбите против ИД, оцени дека уништувањето на џамијата е „злосторство против народот на Ирак“ и „пример зошто оваа брутална организација мора да биде уништена“.

Ирачката армија објави дека милитаните ја уништиле џамијата откако ирачките сили стигнале на 50 метри до неа.

Ирачки официјални претставници се надеваа дека нивните сили ќе успеат да стигнат до џамијата пред крајот на Рамазан.


Интернет страницата Амак, поврзана со ИД по експлозијата соопшти дека џамијата е уништена во американски воздушен напад.

Тоа веднаш беше демантирано од коалицијата која се бори против ИД. Оттаму соопштија дека воздушен напад немало. 

Падот на Мосул ќе претставува и крај на ирачкиот дел на самопрогласениот калифат, но не и, како што се претпоставува, крај на активностите на милитантите кои се уште држат територии западно и јужно од градот.

Багдади, според американски и ирачки извори, им го препуштил боиштето во Мосул на локалните команданти и се верува дека се крие на границата меѓу Ирак и Сирија.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа