(ВИДЕО) Трамп ја подарува својата плата: Им препушти на медиумите да одлучат каде да ги донира парите!
Објавено во: Свет 14 Март, 2017
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја подари својата претседателска плата на крајот на годината и побарал од медиумите да му помогнат да одлучи каде да ги донира тие пари.
„Трамп планира да ја донира својата плата во износ од 400 000 долари и ќе им дозволи на медиумите да одлучат каде ќе отидат тие пари“, рекол портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер.
Иако тоа предизвика смеа кај новинарите, Спајсер рече дека барањето е сериозно, пренесоа американските медиуми.
President Trump will donate his salary to a charity at the end of the year, says Press Secretary Sean Spicer https://t.co/ZjEEkCAdGm pic.twitter.com/9rmA9stuEL
— CNN (@CNN) March 14, 2017
„Начинот да го избегнеме преиспитувањето е да им дозволиме на медиумите да одлучат каде да одат тие пари“, рекол Спејсер.
Подарувањето на плата во добротворни цели беше едно од ветувањата на Трамп во изборната кампања, потсети портпаролот.
Имено, Трамп во текот на кампањата вети дека ќе се откаже од својата плата и дека ќе прима симболичен надомест од само еден долар годишно.