(ВИДЕО) Трет ден „гори“ во Иран
Објавено во: Свет 31 Декември, 2017
Протестите против Владата во Иран продолжија низ целата земја трет ден по ред.
Судири со полицијата имаше во неколку градови.
Демонстрантите на Универзитетот во Техеран бараат оставка од врховниот лидер, ајатолахот Али Хаманеи.
Демонстрантите ги игнорираа предупредувањата на министерот за внатрешни работи „граѓаните да избегнуваат нелегални собири“.
Странски новински агенции објавија дека иранските безбедносни сили раниле најмалку две лица во градот Доруд, повикувајќи се на снимки поставени на социјалните мрежи.Според британските агенции, немирите во земјата се поради незадоволството од зголемувањето на цените и наводната корупција, како и загриженоста за вклучувањето на Иран во регионалните конфликти, како што се оние во Сирија и Ирак.