(ВИДЕО) Туристи и локални жители бегаат од пожар
Објавено во: Свет 13 Јули, 2019
Голем пожар има на Хаваи, при што се евакуирани туристи и население.
Пожарот изби на хавајскиот остров Мауи поради што евакуирани се илјадници туристи и жители, пренесе Ројтерс.
Ветрови со брзина до 20 километри на час го прошириле огнот по околните необработени полиња. Пожарникари и два хеликоптери од вчера го гаснат пожарот.
Во локалните засолништа се сместени 500 луѓе.