(ВИДЕО) Уапсен Србин во Германија, изнајмил соба на убиецот од Берлин?
Објавено во: Свет 21 Декември, 2016
Германската полиција го сомничи 36-годишниот Бобан С. дека е поврзан со терористичкиот напад извршен завчера во Берлин.
Тој е Србин кој живее во Германија. Германските медиуми, цитирајќи ги изворите од полицијата, пренесуваат дека убиецот од Берлин, Тунижанецот Анис А., некое време живеел како потстанар кај Бобан С., кој во тоа време регрутирал џихадисти во Дортмунд. Бобан С. е уапсен во ноември, кога признал дека е припадник на ИСИС. Тој ги учел регрутираните на арапски јазик и исламски норми. Во терористичкиот напад со камион на божиќен пазар во Берлин беа убиени 12 лица.