(ВИДЕО) УТРИНСКО БУДЕЊЕ: Нова снимка за „Рекет“-Катица со ветување до Камчев
Објавено во: Македонија 09 Август, 2019
Нова утринска снимка осамна на профилот Ларис Гајсер поврзана со сличајот „Рекет“.
Гајсер ја продолжува низата снимки како што најави, а јавноста во оваа втора аудио-видео снимка го слуша муабетот помеѓу Боки 13 и Камчев, но во една прилика се слуша јасно и гласот на специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева која додека Бојан Јовановски договара со Камчев кога да отиде кај него, му дофрла на бизнисменот Орце дека се ќе биде во ред за ништо да не се секирал.