(ВИДЕО) УЖАС НА БРЕГОВИТЕ НА САД: Нова бура се приближува преку Мекиканскиот залив и може да стане опасен ураган
Објавено во: Свет 26 Мај, 2018
Жителите кои се наоѓаат близу оваа бура се предупредени внимателно да го следат нејзиното движење ...
Бурата Алберто која прва која во 2018 го доби името во сезоната на урагани, полека се движи кон Карипското море и се заканува овој викенд да донесе тешки врнежи од дожд, предизвикувајќи лизгање на земјиштата и поплави во деловите на Мексико, Куба, Флорида и источните брегови на Мексичкиот залив.
Суптропската бура Алберто поминала преку бреговите на Мексико и Куба во петокот, а двете држави издале предупредување на бура во одредени крајбрежни делови како и на тешки врнежи кои ќе достигнат и 63 цм.
Националниот центар за урагани во Мајами соопштил дека Алберто се наоѓа на околу 95 км јужно од Козумел во Мексико, со јачина на ветрот од 65 км на час и можност на посепено зајакнување во текот на викендот, пренесе АП.