(ВИДЕО ВО ЖИВО) АКЦИЈАТА ЗА СПАСУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ВО ПЕШТЕРАТА ПРОДОЛЖУВА: Трката со времето трае
Објавено во: Свет 09 Јули, 2018
Акцијата на спасување на момчињата и нивниот тренер на Тајланд е продолжена утринава, бидејќи силните дождови ја запреа вчерашната операција во која се спасени 4 момчиња.
Најмалку пет возила на итната помош се вратиле кај влезот на пештерата, бидејќи нуркачите се вратија во поплавените тунели како би стигнале до 8 момчиња кои и понатаму се заглавени.
Еден од нуркачите соопштил и дека операцијата за спасување на преостанатите деца и тренер во пештерата е продолжена.
Вчера беше започната акцијата за спасување, а спасувачите го искористија моментот бидејќи дождот престанал да паѓа за да ја спасат првата група од четири момчиња.
Продолжетокот на акцијата бил загрозен од силен дожд, па таа морала да биде стопирана.
Сите спасени деца се префрлени веднаш во болница, и се во добра здравствена состојба.