Добивај вести на Viber
Србија се соочува со поплави, а во 12 општини во земјата е прогласена вонредна состојба.
Стотици луѓе се извлечени од своите домови, а на терен се претставници на локалните власти, секторот за вонредни состојби и припадници на војската. Надојдените реки ги зафатија патиштата, куќите, училиштата, фабриките и други објекти.
Според податоците на српското МВР, поплавени се 710 домаќинства, а евакуирани се 118 лица. Се работи за општините Ивањица, Лучани, Горњи Милановац, Ариље, Бајина Башта, Пожега, Чајетина, Бујановац, Чачак, Нови пазар, Ужице и Краљево.
Водостојот моментално опаѓа, но нова опасност од поплави се очекува за в четврток, а врнежи ќе има се до 11 март. Најавите се дека во четврток ќе наврнат 30 литри дожд на метар квадратен, но поради топење на снегот можно е да се зголемат водотеците и да предизвикаат излевање.
Со големи поплави Србија се соочи во 2014 година и граѓаните стравуваат дека оваа природна непогода може да се повтори.
https://youtu.be/UD8khBiWAhg
[embed width="750" height="500" ]http://https://youtu.be/UD8khBiWAhg[/embed]