ВИДЕО: Вонредна состојба во Грција, водата носи се пред себе
Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2018
Во делови на Грција силното невреме донесе поплави кои ги покрија улиците, а и плажите во земјата.
Интензивните врнежи од дожд им направија голем проблем на Грците и тоа во текот на летната сезона кога е најголем бројот на странски туристи.
Силното невреме предизвика поплави на делови од земјата, а голем број туристи објавуваат видеа на социјалните мрежи на кои се гледа дека водата носи се пред себе.
Поплави забележани се на местата Каналиа и на полуостровот Пилион.