(ВИДЕО) Загинатото семејство било познато во Бугарија, објавена и снимка од остатоците на авионот
Објавено во: Балкан 03 Април, 2019
Калина Корнажева-Бошнакова којa вчера загина со нејзиниот сопруг и нивните две ќерки e во роднинска врска со правникот и поранешен министер за правда Петар Корнажев, како и со експретседателката на Бразил Дилма Русеф, станува јасно од информации на градски адвокати, пишуваат бугарските медиуми.
47-годишната Калина Бошнакова е внука на Петар Корнажев и братучетка на Русеф.
Тие ја истражувале нејзината родова карта и дошле до сознание дека нејзиното семејство потекнува од Габрово и е во роднинска врска со поранешната бразилска претседателка, Дилма Русеф, која, како што е познато, има бугарски корени.
Нејзиниот татко е познатиот публицист Цонју Корнажев кој е брат на починатиот поранешен министер за правда во 2002 и чичко на првата жена претседател на Бразил. Калина Корнажева е познат адвокат во Софија.
19-годишната ќерка Билјана пак била ученичка на Американскиот колеџ, а нејзиниот сопруг Георги Бошнаков (49 година), кој пилотирал со урнатиот авион, дипломирал на Техничкиот универзитет во Софија и има фирма за рециклирање со отпад. Бошнаков имал лиценца за пилотирање.