(ВИДЕО) ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА: Со бомба во пошта држи заложници
Објавено во: Свет 30 Декември, 2017
Mаж влегол во зградата на поштата во украинскиот град Харков, кој е вооружен, а медиумите наведуваат дека држи и заложници.
Од полицијата велат дека мажот е вооружен со експлозивна направа која е подготвен да ја активира.
Медиумите пренесоа и дека покрај вооружениот маж во зградата на поштата се наоѓаат и девет возрасни лица и две деца.
На лице место има полиција и возила на брзата помош.
#СРОЧНО неизвестный захватил заложников в одном из почтовых отделений #Харьков’а. pic.twitter.com/R3wQ0OnYid
— Днепропетровск (@dneprotwit) December 30, 2017