01 Мај, 2024
0.0249

(ВИДЕО) Запознајте ја грчката плажа на првиот крак која никогаш не е иста

Објавено во: Стил 05 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Иако полуостровот Касандра, или првиот прст на Халкидики, убедливо е најпосетено катче на грчкото приморје кога се во прашање туристите од регионот, многумина не знаат дека таму се наоѓа и една многу необична плажа, која никогаш не изгледа исто.


Во прашање е ртот Посиди, кој се наоѓа покрај истоименото место Посиди на Касандра, некои 7 км од местото Скала Фурка .

Оваа полудива плажа со најситен бел песок и топло море претставува навистина единствено доживување за посетителите бидејќи поради брановите, и песокот кој морето го довлекува и одвлекува, плажата константно го менува обликот и големината.

Некогаш крајниот десен дел така наречено потонува во морето и не се гледа, а некогаш повторно изникнува, но во подолг облик од претходно.


Сте го посетиле ли ова место?