(ВИДЕО) ЗБОГУМ „ЛОНДОНСКО ОКО“: Дубаи го гради најголемото тркало на светот
Објавено во: Стил 14 Јули, 2017
Амбициозниот проект на Дубаи да го изгради најголемото панорамско тркало на светот се повеќе се ближи до остварување, со оглед на тоа дека е изградено повеќе од половина од планираната конструкција.
Со 204 метри висина, тркалото ќе го надмине не само познатото „Лондонско око“, туку и моменталниот рекордер - 167 метри високото тркало во Лас Вегас во Невада.
Кога ќе биде завршена во 2018 година, новата атракција одеднаш ќе може да прими 1 400 посетители, во 48 капсули кои ги изградила компанијата Хјундаи. Капсулите ќе бидат климатизирани, и ќе имаат дрвени подови и модерни клупи.
За градење на оваа џиновска скаламерија ќе бидат потрошени вкупно 9 000 тона челик-што е повеќе отколку што содржи Ајфеловата кула во Париз, а „окото“ ќе тежи отприлика како осум Ербас авиони А 380s.
Во средината на тркалото ќе се наоѓа огромен ЛЕД екран кој ќе прикажува реклами, пренесе Дејли меил.
Автор на проектот е компанијата Мирас.