(ВИДЕО) ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО ШПАНИЈА: Скоро 50 луѓе повредени
Објавено во: Свет 28 Јули, 2017
Повеќе од 48 луѓе се повредени денеска во железничка несреќа во шпанскиот град Барселона, соопшти Службата за вонредни ситуации.
Најмалку 18 повредени, од кои пет тешко се задржани во болница. Меѓу оние кои се тешко повредени е и машиновозачот. Според информациите на итната медицинска помош, во инцидентот нема загинати.
Несреќата се случила околу 7:15 часот.
Според непотврдени информации возот во станицата влегол со брзина од 80 километри на час.