(ВИДЕО+ФОТО) КАТАСТРОФА ВО ФРАНЦИЈА: Eксплозија во нуклеарна електрана, има и ранети
Објавено во: Свет 09 Февруари, 2017
Францускиот весник „Вест Франс“ денеска објави дека имало експлозија околу 10 часот, во реактор на нуклеарна централа Фламанвил.
Централата се наоѓа во северозападна Франција. При експлозијата има повредени, а медиумите објавија дека нема опасност од радијација.
На местото на настанот има екипи од брза помош.
Експлозијата се случила во „срцето“ на електраната, но надвор од нуклеарната зона.
Не е познато што довело до експлозија, а според некои медиуми во близина имало седум луѓе. Други медиуми пишуваат дека пет луѓе се полесно затруени со чад.